in

Ја прашал колку е часот за да ја ограби – зажалил, па се молел да дојде полиција што побрзо, личниот опис му го сменила

Полската ѕвезда Полијана Вијана доживела непријатност откако била нападната од странец на улица. Но самиот не бил ни малку свесен дека си има работа со боксер.

„Му кажав колку е часот, тој одби да замине … И тогаш тој почна да зборува за тоа како имал пиштол со себе, да му го дадам телефонот. Почна да ми кажува да не се спротивставувам затоа што е вооружен“, се присети таа.

Тогаш работите почнале да се случуваат брзо.

„Кога ја стави раката врз пиштолот, сфатив дека е премногу мек и помислив дека е лажен. Сфатив дека, дури и да беше реално, тој немаше време да го извади затоа што беше премногу блиску до мене“ – опиша таа.

Тој не бил но свесен кого го нападнал.

„Станав и веднаш го удрив два пати со раката, а потоа и со едната нога. Падна, а јас го прегазив и го фатив околу вратот од позади. Потоа го зедов и го спуштив, за да можеме да седиме таму каде што бевме претходно и му реков: „Па, да почекаме сега полиција“.

Тој се правдал со зборовите „само прашав колку е часот“, но, Полијана Виана тврди тотално поинаку:

„Па, да, секако … Тој само го велеше тоа затоа што виде колку сум лута. Всушност, после тоа бев сосема во ред. Мислам дека беше исплашен. Дури и кога споменав дека во тој момент ќе повикам полиција, тој рече: „Повикај“. И го рече тоа затоа што се плашеше дека ќе го тепам уште повеќе“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote