in

Јадење што го обожававме сите во 80-тите години: Совршен десерт за сите генерации!

Ефтин и кремаст десерт кој го обожаваат сите на возраст од 5 до 95 години

Станува збор за сутлијаш. Тоа е десерт кој се дава на децата без грижа на совест. Десерт што го јадевме со сласт во градинка, и кој се обожава до крајот на животот.

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 8 лажици ориз
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажиче цимет

Подготовка:

Ставете го оризот во врела вода (доволно вода да го покрие оризот) и варете го на висока температура околу десет минути додека не испари водата. Внимателно исцедете го вишокот вода. Во зовриеното млеко додадете шеќер и ванилин шеќер и промешајте. Потоа додадете го оризот и промешајте околу 10 минути. Кога ќе се олади, поделете во чинии за сервирање. Додадете цимет или црно чоколадо по желба.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote