in

МОРНИЧАВО! Јапонец ќе биде обесен поради убиство на девет лица што ги следел преку социјалната мрежа Twitter!

Судот во Токио осуди 30 годишен Јапонец на смрт, осуден за убиство на девет лица во 2017 година.

Такахиро Шираиши призна дека убил девет лица, кои претходно ги следел преку Твитер. Осуденикот ги намамил жртвите на возраст од 15 до 26 години во неговиот стан, ги убил и распарчил. Осумте жртви биле жени.

Убиствата се случија кога расечени тела беа пронајдени во домот на Шираиши во Зама, во близина на главниот град Токио.

Опишувајќи ги убиствата во своја одбрана, Шираиши изјави дека ги исекол труповите на парчиња и го фрлил месото во ѓубре, но ги чувал коските во ладни кутии за коските да не привлекуваат внимание.

Користејќи Twitter тој ги „мамел“ жените кои сакале да се самоубијат и ги носел во својот дом кој потоа ги убивал!

Судот не даде детали во врска со одлуката. Во Јапонија смртната казна се спроведува со бесење.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote