Властите на Јапонија донесоа закон со кој ги направија вакцините за Ковид-19 бесплатни за своите граѓани. Законот беше донесен во собранието минатата среда, откако беше предложен од Премиерот на државата Јошихиде Суга. Јапонија планира да ги вакцина сите свои жители, а нивниот број е околу 126 милиони.

Државата веќе се договори да набави вакцини од Американскиот фармацевтски гигант Pfizer, Американската компанија Moderna и Британската AstraZeneca, а за нив одвоија околу 6.4 милијарди долари од својот буџет. Минатите денови неколку држави веќе соопштија дека се спремаат да започнат со вакцинација на своите жители.