Јапонија, која има најниска стапка на плодност во светот и бара начини да ја зголеми , го бара последното решение во вештачката интелигенција. Владата ќе ги поддржува локалните самоуправи кои користат вештачка интелигенција за пронаоѓање партнери, почнувајќи од следната година.
Според извештајот на Спутник, Јапонија планира да ги финансира своите граѓани за програми за совпаѓање и свадба за да ја пронајде „љубовта на нивниот живот“ со цел да се подигне нискиот наталитет во земјата.
Од следната година ќе им се даде финансиска поддршка на локалните самоуправи кои користат или планираат да користат вештачка интелигенција за да им помогнат на луѓето да најдат партнер.
Владата планира да одвои 19 милиони американски долари за локалните самоуправи за зголемување на наталитетот.
Многу локални самоуправи веќе нудат услуги за свадба, а некои започнаа со промовирање на вештачка интелигенција во надеж дека луѓето ќе направат понапредна анализа со информациите што ги даваат за себе со пополнување на стандардни формулари.
Сепак, некои од системите што се користат во моментов, земајќи ги предвид критериумите како што се приходот и возраста, даваат резултати само кога има 100 процентно совпаѓање.
Според локалните медиуми, средствата што треба да се дадат имаат за цел да овозможат употреба на понапредни и скапи системи кои земаат предвид други фактори, како што се хоби и вредности.
Официјален претставник на владата рече: “Планираме да обезбедиме средства за локалните самоуправи кои користат или иницираат проекти за вештачка интелигенција, особено за свадба. Се надеваме дека оваа поддршка ќе помогне да се врати падот на наталитетот во земјата”.
Населението може да се намали на помалку од 53 милиони до крајот на векот.
Минатата година, бројот на бебиња родени во Јапонија, кој има најмала стапка на плодност во светот, го сруши најнискиот рекорд и падна под 865 илјади.
Јапонија, со население од 128 милиони во 2017 година, се проценува дека ќе падне под 53 милиони до крајот на векот.
Коментари
Loading…