Јапонското јаболко каки (лат. Diospyros kaki, анг. persimmon) е егзотично овошје, со сладок вкус сличен на кајсија и кое потсетува на домат. Потекнува од Кина и Јапонија, а може да се купи и одгледува во нашиот регион.
Ова егзотично овошје во недозреан облик може да има трпки, но кога е сосема зрело тоа има сладок вкус како мед кој е скриен во неговото портокалово месо.
Јапонското јаболко потекнува од источна Азија и се верува дека се одгледувало во Кина повеќе од 2000 години. Тоа е всушност листопадно дрво кое може да порасне и до 12 метри, а има потреба од влажна почва и многу сонце.
Освен самото овошје, лисјата од ова овошка, се користат за подготовка на медицински чај.
Јапонско јаболко – Нутритивни вредности:
Во 100 грама јапонско јаболко има:
- 70 калории,
- 19 грама јаглени хидрати, од кои 13 грама шеќер и 3,6 грама диетални влакна,
- 0,6 грама протеини,
- 0,2 грама маснотии,
- 7,5 милиграми витамин Ц,
- 161 милиграми калиум,
- 8 милиграми калциум,
- 9 милиграми магнезиум и
- 0,2 милиграми железо.
- Јапонското јаболко е богато со минерали како калиум, магнезиум, калциум и фосфор, но и витамини Б, Ц и Е – аминокиселини како што се лизин, аланин и триптофан.
- Јапонското јаболко содржи и витамин А, бета каротен и лутеин, кои успешно го зајакнуваат имунитетот и делуваат антиоксидативно.
Јапонското јаболко е исклучително лековито кое може да се користи за ублажување на висок крвен притисок, заболувања на црн дроб, жолчка и сува кашлица. Исто така, диеталните влакна кои ги содржат, помагаат при подобро варење се одлични ако имате запек, цревни воспаленија и разни стомачни заболувања како гастрит.
Јапонското јаболко спречува оштетување на клетките
Јапонското јаболко содржи антиоксиданси кои го штитат организмот од оксидативниот стрес. Антиоксидансите на тој начин го зајакнуваат имунитетот, при што полесно ве заштитува од разни болести. Последиците од стрес се поврзани со хронично срцево заболување и разни видови на рак. Исто така, јапонските јаболка содржат висок процент на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и со тоа го штити организмот од инфекции.
Јапонското јаболко е одличен извор на витамин А, што е важен елемент за одржување на здрав вид. Една овошка содржи 55% од препорачаната дневна доза на витамин А.
Помага при здраво слабеење
Диететските влакна што ги содржи се клучни за здраво слабеење бидејќи го намалуваат апетитот и го регулираат варењето на храната. Регулирањето на варењето е особено важно затоа што го намалува чувството на надуеност, а штетните материи ефикасно се елиминираат од организмот.
Јапонското јаболко не содржи маснотии и го забрзува метаболизмот, а особено е корисно при физичка активност затоа што содржи многу шеќер кој дава енергија.
Сепак, јапонското јаболко не е чудесен препарат од кој одеднаш ќе ослабете, бидејќи такво нешто не постои.
За да ја постигнете посакуваната тежина, консумирајте урамнотежена исхрана, редовно вежбање и здрави животни навики.
Како се консумира јапонско јаболко?
Пред да го консумирате овошјето, треба да биде целосно зрело, бидејќи во спротивно ќе има киселкаст и горчлив вкус.
Јапонските јаболка може да се консумираат свежи, сушени или варени. Препорачливо е да ја излупите кората за време на консумирањето, а еден од поедноставните начини е да го исечете јаболкото на половина, а потоа да ја јадете внатрешноста со лажица.
Јапонските јаболка не треба да се консумираат на празен стомак, бидејќи може да се појави дијареја и да изгубите вода од телото. Би било препорачливо да консумирате јапонско јаболко после оброк.
Јапонско јаболко – несакани ефекти
Јапонското јаболко е генерално безбедно за употреба, но може да предизвика алергии кај некои луѓе.
Нема доволно истражувања кај луѓето, меѓутоа според експертите од медицинскиот портал WebMD, јапонските јаболка не се препорачуваат кај бремени жени и доилки.
Исто така, консумирањето јапонски јаболка индиректно може да го намали крвниот притисок, затоа не се препорачува кај луѓе кои имаат низок крвен притисок.
.
Коментари
Loading…