in

Џеф Безос повеќе не е најбогат во светот! Престолот го превзема Бернард Арно!

Популарниот магазин Форбс објави нови податоци околу големината на богатството на најбогатите луѓе во светот.

Од денеска, Џеф Безос не е најбогат човек во светот, а таа титула му припадна на францускиот гигант Бернард Арно. Богатството на Французинот се проценува на 186,3 милијарди долари и е за 300 милиони поголемо од она на сопственикот на Амазон.

Богатството на Арно се зголеми за повеќе од два пати од март минатата година кога изнесуваше 76 милијарди долари. На третото место се најде сопственикот на Тесла, Илон Маск со 147.3 милијарди долари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote