in

WTFWTF

Jenifer Lawrence се повреди во експлозија за време на снимањето!

Jenifer Lawrence, актерка оскаровка, се повреди во експлозија додека снимаше сцени за претстојниот филм „Не гледај горе“.

Тоа беше планирана и контролирана експлозија, која е дел од заплетот на филмот што се снима во Бостон деновиве. Сепак, и покрај претпазливоста, поради експлозијата, големо количество стакло одеднаш се распарчи и ја погоди и повреди актерката.

На фотографиите направени од Daily Mail се гледа како Lawrence лежи на земја, држејќи го лицето додека неколку минувачи трчале на помош за време на снимањето.

Извор од сетот изјави за Page Six дека Jenifer удрила во стаклото, но дека сега е добро. Парчиња стакло и долетале во очите, но таа се опоравува.

Снимањето на филмот, кој беше окарактеризиран како политички, но и филм од катастрофа, беше запрен во петокот по инцидентот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote