in ,

СлаткоСлатко

СЕ ПЛАШИВ ДА СЕ СМИРАМ СО НЕГО: Џеј ЛО КОНЕЧНО ПРОЗБОРИ ЗА ВРСКАТА СО БЕН Афлек, еве што ја спречи да му даде ВТОРА ШАНСА

Латино дивата Џенифер Лопез и гостувала на познатата водителка Елен Деџенерис каде открила засега непознати детали за обновената врска со актерот Бен Афлек.

– Мислам дека никој не беше поизненаден од нас двајцата. Никогаш не мислев дека може да се случи такво нешто, прекрасно – изјави Џеј Ло во едно интервју. Меѓу другото, таа призна дека повторно е вљубена во Афлек.

 

Сепак, признала и дека малку се плашела повторно да влезе во врска за која однапред знаела дека ќе ја прогонуваат медиумите.

– И двајцата сфативме дека сме среќни заедно и дека не сакаме да дозволиме нешто слично повторно да ни ја уништи врската – додала таа.

 

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа во врска за прв пат од 2002 до 2004 година, а повторно стапија во контакт во февруари минатата година, за да ја објават веста дека повторно излегуваат заедно на крајот на март. Во истиот месец, Џенифер објави раскинување на двегодишната свршувачка со Алекс Родригез, поради шпекулациите дека тој ја изневерил.

-Денес сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство и сме во различни фази од животот отколку што бевме тогаш. Имаме деца и ни се сменија вредностите – истакна пејачката и актерка.

 

– За мене е прекрасен факт што се изгледа сосема поинаку отколку кога бевме заедно за прв пат. Повеќе се цениме, навистина ни е убаво заедно – заклучи Лопез.

Џенифер и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони имаат две деца, 13-годишните близнаци Макс и Ема, а Бен и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер имаат три деца, 16-годишната Вајолет, 13- годишната Серафина и 9-годишниот Самуел.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote