in

Дефанзивецот на Ливерпул Џо Гомез ќе пропушти голем дел од сезоната!

Дефанзивецот на Англија и на Ливерпул Џо Гомез мораше да оди на операција поради повредата на коленото и најверојатно ќе пропушти голем дел од сезоната, соопштија од клубот. Гомез се повреди во среда за време на тренингот на репрезентацијата на Англија. 23 годишниот фудбалер имал успешна операција на левото колено и сега закрепнува во својот дом.

Ливерпул веќе остана без нивниот најдобар дефанзивец Вирџил ван Дајк поради повреда на лигаментите во коленото. „Операцијата на левото колено на Гомез беше успешна. Не можеме да го кажеме точниот период на враќање на играчот, но најверојатно тој ќе биде надвор од терените голем дел од сезоната.“ изјавија од клубот. Гомез не настапи во само еден натпревар за клубот оваа сезона и ќе биде голем хендикеп неговото одсуство.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote