in ,

Johnny Depp ја напушта франшизата Fantastic Beasts!

Џони Деп откри дека било побарано од него да даде отказ од франшизата Fantastic Beasts, односно од неговиот лик Grindelwald, по неупешното судење за клевета. Актерот им се заблагодари на сите фанови за подршката и лојалноста преку социјалната мрежа Инстаграм и додаде дека е „трогнат од фановите“ поради „многубројните пораки со кој се напишани со многу љубов и грижа“ во минатите неколку денови.

„Сакам да ви дадам до знаење дека ми беше побарано од Warner Bros да отстапам од мојот лик Grindelwald во Fantastic Beasts и јас ги испочитував нивните желби и се согласив на нивното барање“ додаде Depp. Оваа објава доаѓа по неуспешната тужба на актерот во која тој го тужеше медиумот „Тhe Sun“ поради што го нарекол „тепач на жени“ во една нивна статија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote