„Специјалниот“ ја прифати понудата на Рома и ќе го води клубот почнувајќи од следната сезона.
Жозе Мурињо, 58, ќе го замени својот сонародник Пауло Фонеска на клупата на Волчицата, и ќе го води клубот почнувајќи од следната сеазона. Мурињо беше отпуштен од Тотнем на 19 април и за неполн месец успеа да најде нова работа.
„Неверојатната страст на навивачите на Рома беа клулен фактор за прифаќањето на оваа работа и едвај чекам да започне следната сезона“ во свој стил изјави популарниот стратег. Мурињо беше на клупата на Тотнем 17 месеци и беше отпуштен поради лошите резултати на клубот во последниот период.