Напаѓачот на Ливерпул Диого Жота ќе паузира најмалку 6 недели откако се здоби со повреда на коленото. Португалецот, кој има 24 години, се повреди во натпреварот со Митиланд во рамките на Лигата на Шампионите кој се одигра во среда.
„Полошо е отколку што првично мислевме. Мислевме дека ќе треба да оди на операција, но по тестовите видовме дека не е потребно тоа. Ќе биде надвор од терените подолг период, сеуште не знаеме колку точно.“ изјави стратегот на Ливерпул, Јурген Клоп.
Коментари
Loading…