in

Јунешко филе во маринада

Сочно и меко јунешко филе за богат викенд ручек. Што повеќе би можеле да кажеме освен – уживајте во секое залаче!

Потребни состојки

  • 1 кг. јунешко филе
  • 3-4 кромитчиња
  • 1 кафена лажичка ѓумбур (рендан)
  • 4 чешниња лук
  • 3-4 супени лажици соја сос
  • 1-2 кафени лажички чили сос
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 2 кафени лажички кафеав шеќер (или обичен)
  • малку сол
  • малку црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Потопете го месото во маринадата, а потоа покријте го со пластична фолија и оставете го во фрижидер 8-24 часа, со повремено превртување (за да впие од сите страни).
  2. Загрејте ја рерната на 200 степени. На умерен оган ставете подлабоко тавче со многу малку маслиново масло да се загрее. Извадете го месото од маринадата (сочувајте ја) и ставете го во тавчето да се запржи од сите страни (околу 5-6 минути, колку да ја смени бојата).
  3. Ставете го месото во тава намачкана со масло и печете го во загреаната рерна околу 20-25 минути (или повеќе ако сакате попечено). Кога ќе биде готово, оставете го да стои 5-10 минути во тавчето пред да го исечете.
  4. Преостаната маринада ставете ја во тенџерче над оган да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на тивко и варете со повремено мешање уште 5-6 минути.
  5. Исечете го месото на парчиња дебели околу 1,5 см и посипете го со сосот одозгора. На крајот испрскајте го со свежи ситно исечкани зелени перца од млад кромид.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote