Јувентус стигна до својот единствен трофеј во оваа сезона и го освои купот на Италија.
Старата Дама успеа да слави во натпреварот против Аталанта со резултат од 2:1 и со тоа стигна до својо 14ти трофеј во купот на Италија во нивната историја. Во првото полувреме, Јувентус стигна до водство преку Кулушевски, но десетина минути подоцна Аталанта израмни преку Малиновски.
Во 73. минута се случи одлучувачкиот момент во натпреварот откако Федерико Киеза успеа да го совлада голманот на Аталанта и го постигна погодокот кој му донесе трофеј на Јувентус. Во последното коло во домашното првенство, Јувентус ќе се обиде да обезбеди пласман во ЛШ.