Избраниците на Андреа Пирло со убедливи 3-0 успеаа да ја совладаат екипата на Кротоне на домашен терен и останаа во трката за титулата во италијанската Серија А. Јуве сега е на третата позиција со 45 бода, но има и натпревар помалку од лидерот Интер кој е на врвот со 53 бода.
Прв стрелец на натпреварот беше кој друга, ако не Кристијано Роналдо во 38 минута. Во второто полувреме „паднаа“ уште два погодоци. Првиот беше дело на Меккени, а втор пат се запиша на листата на стрелците Португалецот и ги постави конечните 3-0.
Коментари
Loading…