in

Јувентус им го нанесе првиот пораз на Милан оваа сезона!

Фудбалерите на Јувентус славеа со 3:1 во големото дерби против Милан во рамките на 16. коло во Серија А.

„Старата дама“ со триумфот среде Милано им го нанесе и првиот пораз на „росоњетите“ оваа сезона во Серија А, но тие и покрај поразот останаа на лидерската позција на табелата со 37 бода, додека Јувентус се искачи на четвртото место.

Во одличниот натпревар во кој и двете екипи имаа свои шанси, резултатот го отвори Федерико Киеза во 18. минута откако доби одлична асистенција со пета од Пауло Дибала.

Милан израмни ви финишот од првото полувреме, во 41. минута благодарение на Калабриа кој доби одлична топка од Рафаел Леао од десната страна, по што на стрелецот на голот не му беше тешко да го матира Шчешни од 12-тина метри.
Победникот беше одлучен во второто полувреме, Дибала повторно му асистираше на Киеза кој овој пат со одличен удар од 16-тина метри го совлада Донарума.
Точка на натпреварот стави Меккени со голот во 76. минута.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote