Избраниците на Андреа Пирло одиграа натпревар без победник на гостувањето кај Верона. Со ова реми Јувентус е сега на 7 бода помалку од лидерот на италијанското домашно првенство Интер. Првото полувреме помина без премногу шанси. Фарони го погоди оквирот на голот на Јуве.
На стартот на второто полувреме, Јувентус поведе преку голот на Кристијано Роналдо. Но радоста на гостинските фудбалери траеше кратко, откако Барак успеа да изедначи и да го постави конечниот резултат 1-1.
Коментари
Loading…