Избраниците на Пирло станаа трет полуфиналист во купот, откако со „пола гас“ ја совладаа екипата на Спал со резултат од 4-0. Старата Дама го одигра овој натпревар без неколку првотимци и без својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо.
Бјанконерите поведоа во 16 минута преку голот на Мората, а веќе во 33 минута беше зголемено водството на 2-0 со голот на Фаброта. Останати играчи кои се запишаа во листата на стрелците се Кулушевски и Киеза. Јувентус ќе се сретне со Интер во следната фаза од купот.
Коментари
Loading…