in ,

ТаженТажен

Во Јужен Судан 90.000 луѓе погодени од поплави

 

Околу 90.000 луѓе се погодени од поплавите, а постојаните дождови поплавија куќи и земјиште и ги принудија жителите да се засолнат заедно со својот добиток во повисоките области.

Најпогодени се областите во јужната суданска провинција Џонглеј.

Според извештајот на Светска банка од април 2021 година, 82 проценти од 11 милиони жители се сиромашни.

– Поплавите сериозно ги загрозуваат шансите на жителите да преживеат, предупреди хуманитарниот координатор на Канцеларијата на ОН, Арафат Џамал.

ОН испратија апел за итна помош, бидејќи на загрозеното население му е потребно засолниште, лекови и вода за пиење.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote