in ,

СлаткоСлатко

Како да ги избркате мравките со помош на природни средства?

Мравките може да бидат вистинска напаст секоја градина. Пред да ставите силни хемиски препарати сепак, обидете се со неколку природни методи за справување со нив.

Босилек

Непосакуван од многу инсекти, босилекот е природно средство и против мравките. Ставете листови од босилек на нивниот пат и мравките веднаш ќе го променат правецот. Добра опција е и да посадите на неколку места во својата градина.

Нане

И тоа миризливо растение воопшто не им се допаѓа на мравките. Неслучајно се сади во многу градини – нането е природна заштита од прилично многу инсекти. Најдобро ставете неколку гранчиња нане или засадете нане во саксија на балконот. Може и едноставно да наросите по балконот со свежи листови.

Лаванда

Посипете по патот на натрапниците или околу највредните саксии и веќе нема да имате проблеми. А за во градината решението е едноставно, само посадете лаванда.

Лимон

Идеалното оружје против мравки е благо лепливиот лимон. Оставете парчиња лимон неколку дена и кога веќе е во фаза за фрлање распоредете го на стратешките места во градината или во саксиите на балконот.

Лук

Ставете излупени лукчиња на потребното место кај инсектите или посипете со рендан лук кај саксиите и повеќе нема да видите мравки.

Цимет

Овој зачин може и да ни се чини дека многу привлекува со мирисот, но тоа не ваќи за мравките. Значи наросете со цимет во прав на одредени места во градината или во саксиите и брзо ќе ги протера мравките.

Јаболков оцет

Мравките го мразат, па користете распрскувач и добро напрскајте со него по сите места каде има инсекти. Ако мирисот е иритирачки за Вас, може да користите разредена варијанта со вода, но тогаш ефектот може да не е толку брз.

Креда

Може да користите школски креди, за да се направат дебели линии на балконот. Мравките нема да ги преминат линиите. Најдобро е креда да е чисто бела. Но, мора да ги повторувате линиите често.

Талог од кафе

Не фрлајте го талогот од кафето, тоа ги одбива инсектите. Соберете доволно и направете бариера во близина на мравјалникот во градината или околу саксиите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote