in

СлаткоСлатко

Како да го подигнете нивото на допамин во телото: Секогаш ќе бидете среќни, докажанo!

Овие 10 техники се сосема природни, не можат да ви наштетат, а освен среќа ќе ви донесат и добро здравје и убав изглед.

Допаминот е еден од најважните хормони, кој е одговорен за тоа дали се чувствуваме добро или не. Кога нивото на допамин е ниско, се чувствуваме тажни и под стрес, и обратно, кога допаминот е висок, ние сме добро расположени и среќни.

За среќа, постојат сосема природни начини да го зголемите нивото на допамин во вашето тело! Докажано е дека делуваат и можете постојано да ги применувате, за да бидете секогаш среќни или по потреба кога се чувствувате лошо.

1. Вежбајте

Секоја физичка активност го стимулира ослободувањето на ендорфин, допамин и серотонин (хормон на среќата). редовното вежбање може да ви помогне да се ослободите од стресот, фрустрацијата и хроничниот замор, само треба да биде активност во која навистина уживате.

2. Детоксикација

Насобраните бактерии и токсини во телото го ослабуваат имунитетот и го намалуваат производството на допамин. Затоа потрудете се редовно да го чистите телото – ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате многу подобро.

3. Избегнувајте зависност

Шопинг, цигари, кафе, алкохол и дрога прават да се чувствуваме добро, но ефектот е многу краток. Овие навики по некое време можат да ви донесат сериозни проблеми, па наместо во нив, уживајте во некои други ситници.

4. Слушајте музика

Еден од наједноставните начини веднаш да почнете да се чувствувате добро и вашето тело да почне да произведува добри хормони е да ја слушате вашата омилена музика. Само неколку минути слушање на вашите омилени композиции ви го враќа доброто расположение и оптимизмот.

5. Почесто гледајте ги пријателите

Еден од најлесните начини да го подигнете нивото на допамин е почесто да се дружите со пријателите и семејството. Дури и ако сте интроверт по природа, средбата и разговорот со саканата личност ќе направи голема разлика.

6. Бидете креативни

Креативните активности значително го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Ова не значи дека треба да станете светски познат сликар – обидете се да направите некои украси, празниците да поминат според планираното, згответе нешто, сменете го распоредот на мебелот во станот… Сето ова ќе направи да се чувствувате одлично !

7. Зголемете го вашиот тирозин

Тирозин е една од најважните хемиски супстанци во човечкото тело, која се користи за синтеза на допамин. За да го подигнете нивото на тирозин, јадете храна богата со оваа супстанца, а патем ќе го ослободите и стресот и ќе бидете многу подобро расположени. Одлични извори на тирозин се бадемите, авокадото, бананите, лубеницата, зелениот чај и темното чоколадо.

8. Медитирајте или молете се

Научно е докажано дека медитацијата и молитвата го зголемуваат нивото на допамин на сосема поинаков начин од физичката активност. Кога сте целосно опуштени, телото ослободува повеќе ментална енергија, што значително влијае на производството на хормоните на среќата.

9. Направете листа на цели

Поставувањето цели на дневна основа со запишување на хартија и ставање на видно место е одличен метод за подобро расположение, но и за да не заборавите ништо. Кога ќе направите нешто од таа листа, пречкртајте ја задачата и ќе видите како вашето расположение вртоглаво ќе порасне, особено ако сте завршиле некоја важна и тешка работа, пишува BrightSide.

10. Спијте доволно

Кога спиеме, нашето тело почнува да произведува хормони и супстанции кои можат да го подигнат нивото на допамин. Освен тоа, мирниот и доволно долг сон е само по себе посебен вид среќа!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote