in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Како да направите бурито со месо и кашкавал: Совршен ручек за викенд – ќе бидете изненадени колку брзо се подготвува!

Бурито со месо е омилено јадење во областа кај што се зборува шпански, но и низ целиот свет – кој ја испробал оваа брза храна, секогаш се враќа на тоа.

Лесно се подготвува, има само неколку состојки, кои можат да бидат конзервирани или замрзнати, запомнете, ова е брза храна! Клучот е во мешавината на зачини кои можете да ги најдете во продавниците.

Потребни состојки:
  • Шест тортиљи од пченица
  • 300 грама мелено говедско месо
  • 150 грама конзервиран црн грав
  • Зачин за такоси
  • 200 грама варен ориз
  • 200 грама замрзната пченка
  • Кашкавал

Начин на подготовка:

Запржете го месото заедно со зачините, а доколку е потребно додадете малку вода – не треба да биде премногу течно за бурито, туку по крцкаво.

Сварете ја пченката и исцедете го гравот. Загрејте ја рерната и поставете мал плех со хартија за печење.

Наполнете ги тортиљите прво со месо, потоа со ориз, грав, пченка и на крај изрендајте кашкавал. Внимателно завиткајте ги цврсто, и наредете ги во плех така што преклопениот дел да биде на дното. Печете додека не порумени и послужете веднаш.

По желба сервирајте со кисела павлака, крем сирење, гвакамоле или сецкан кромид и домат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote