Овој рецепт ќе ги освои сите домаќинки!
Ѓеврекот е доста лесен за подготовка, само бара малку трпение, затоа засукајте ракави и направете си вкусен и топол домашен ѓеврек како од пекара!
Потребни состојки за тестото:
- 4,5 чаши брашно (250 ml)
- 1 квасец
- 1 лажичка сол
- 4 лажици шеќер
- 1 чаша топла вода (250 ml)
- 125 мл млеко
- 100 мл зејтин
За валкање:
- 1/2 чаша меласа (пекмез)
- 1/4 чаша вода
- 1,5 чаши запечен сусам
Начин на подготовка:
- Се става брашното во подлабок сад, правиме вдлабнатина и го додаваме квасецот со шеќер, сол , па потоа се додава млако млеко, зејтин и вода. Замесуваме меко и глатко тесто.
- Оставаме да нарасне околу 30-40 минути. Од кога ке надојде тестото, го делиме на 20 помали топки( големина како мандарина) и започнуваме со правење на ѓеврекот.
Од секое парче правиме ролна, го издолжуваме околу 60 см, од средината го свиткуваме на 2 и почнуваме да обликуваме плетенка ротирајќи ја околу себе.
Од кога ќе ја завршиме оваа процедура, почнуваме ѓевречињата да ги потопуваме во течноста со пекмез и вода (1:1), а потоа од двете страни валкајте го во сусамот и оставете ги во тавче за печење.
Истото повторете го со останатото тесто, а потоа оставете ги да надојдат уште 15 мин. пред да ги ставите на печење.
Се печат во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
И еве го очекуваниот среќен крај😊
Нутриционистички вредности на домашниот турски ѓеврек:
Нутриционистички вредности на 100 грама;
- Јаглехидрати: 48,93 (g)
- Протеин: 2,34 (g)
- Маснотии: 5,15 (g)
- Влакна: 1,91 (g)
- Холестерол: 0 (mg)
- Натриум: 293,64 (мг)
- Калиум: 131,97 (мг)
- Калциум: 85,99 (мг)
- Витамин А: 2,56 (iu)
- Витамин Ц: 1,1 (мг)
- Железо: 1,24 (мг)
Се надеваме дека Ви се допадна рецептот – на Вас останува само да пробате!
На здравје и добар апетит 🙂
Коментари
Loading…