in

УбавоУбаво

Како да направите домашен вкусен – турски ѓеврек? Чекор по чекор и сликовито објаснето

Овој рецепт ќе ги освои сите домаќинки!

Ѓеврекот е доста лесен за подготовка, само бара малку трпение, затоа засукајте ракави и направете си вкусен и топол домашен ѓеврек како од пекара!

Потребни состојки за тестото:

  • 4,5 чаши брашно (250 ml)
  • 1 квасец
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици шеќер
  • 1 чаша топла вода (250 ml)
  • 125 мл млеко
  • 100 мл зејтин

За валкање:

  • 1/2 чаша меласа (пекмез)
  • 1/4 чаша вода
  • 1,5 чаши запечен сусам

Начин на подготовка:

  1. Се става брашното во подлабок сад, правиме вдлабнатина и го додаваме квасецот со шеќер, сол , па потоа се додава млако млеко, зејтин и вода. Замесуваме меко и глатко тесто.
  2. Оставаме да нарасне околу 30-40 минути. Од кога ке надојде тестото, го делиме на 20 помали топки( големина како мандарина) и започнуваме со правење на ѓеврекот.

Од секое парче правиме ролна, го издолжуваме околу 60 см, од средината го свиткуваме на 2 и почнуваме да обликуваме плетенка ротирајќи ја околу себе.

Од кога ќе ја завршиме оваа процедура, почнуваме ѓевречињата да ги потопуваме во течноста со пекмез и вода (1:1), а потоа од двете страни валкајте го во сусамот и оставете ги во тавче за печење.

Истото повторете го со останатото тесто, а потоа оставете ги да надојдат уште 15 мин. пред да ги ставите на печење.

Се печат во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.

И еве го очекуваниот среќен крај😊

Нутриционистички вредности на домашниот турски ѓеврек:
Нутриционистички вредности на 100 грама;

  • Јаглехидрати: 48,93 (g)
  • Протеин: 2,34 (g)
  • Маснотии: 5,15 (g)
  • Влакна: 1,91 (g)
  • Холестерол: 0 (mg)
  • Натриум: 293,64 (мг)
  • Калиум: 131,97 (мг)
  • Калциум: 85,99 (мг)
  • Витамин А: 2,56 (iu)
  • Витамин Ц: 1,1 (мг)
  • Железо: 1,24 (мг)

Се надеваме дека Ви се допадна рецептот – на Вас останува само да пробате!

На здравје и добар апетит 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote