in

Што?Што?

Како да направите омекнувач на природна база

Комерцијалните омекнувачи што ги користат домаќинките се богати со хемикалии кои се штетни за човековиот организам. Омекнувачот преку облеката навлегува во кожата, а од таму навлегува во ораганизмот на човекот внесувајќи штетни организми.

Омекнувачите покрај мирисите, содржат и конзерванси кои се многу штетни, а еден од нив е добро познатиот формалдехид кој предизвикува алергија, а во некои случаеви и рак.

Затоа најдобро е сами да си пригототвите омекнувач на природен начин.

Потребни состојки:

  • 100 гр- сода бикарбона
  • 1- 2 децилитри топла вода
  • 800 мл алкохолен или јаболков оцет
  • околу 20 капки етерично масло по желба

Подготовка:

Земете поголем пластичен сад кој собира околу 5 литри вода, поради реакцијата што ќе се случи од состојките, и во садот помешајте ја водата, содата и оцетот. Бидете подготвени бидејќи ќе се створи пена, па кога ќе се смири реакцијата, сето тоа ставете го во стаклен сад и додадете г етеричното масло и помешајте, секако тоа треба добро да се затвори.

Пред секоја употреба тоа треба да се потресе, и при секое перење додавајте по 3-4 лажици од овој природен омекнувач.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote