in , ,

Што?Што?

Како да одговорите на навредите: Личноста која ве навредува има силни емоции кон вас

Не постои човек кој никогаш не наишол на навреди од други луѓе и не бил третиран многу лошо.

Сите ние, помалку или повеќе пати, сме се соочиле со некултурни и безобразни луѓе кои навредуваат други луѓе или од злоба или од своја болка. Првото нешто што треба да знаете е дека луѓето никогаш нема да вложат енергија кон личност која не е заинтересирана за нив.

Со други зборови, човек кој напаѓа некого значи дека чувствува нешто големо кон таа личност. Затоа што размислете за тоа на овој начин, зошто воопшто би потрошиле време да се расправате со личност која е неважна за вас. Секогаш се работи за позитивни или негативни емоции кои ги поврзуваат тој што навредува и навредениот.

 

Што дополнително значи дека личноста која сака да ве навреди, всушност многу размислува за вас. Можеби ти завидува, можеби те мрази, можеби потајно те обожава… Нешто мора да е така. Зошто речиси сите жени толку многу ги критикуваат своите сопрузи? Низ таа критика нека навредат и малку!?

Затоа што ги сакаат! Зошто ривалот навредува друга жена? Затоа што и завидува и сака да ја повреди. Следниот пат кога некој ќе ве навреди, запомнете дека таа личност всушност има големи чувства кон вас, позитивни или негативни и често размислува за вас.

На навредите можете да одговорите со следниве реченици: „Твојот живот мора да е толку досаден кога ти сум таков проблем“, или „Задржи ја својата негативност за себе, таа воопшто не ме допира“. На овој начин ќе им дадете до знаење дека сте ги следеле нивните психолошки намери, а помали се шансите дополнително да ве вознемируваат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote