Применете го овој трик само на сунѓери кои немаат метални делови, како што е жица од едната или од двете страни
Ние го користиме сунѓерот не само за миење садови, туку и за чистење чинии на шпоретот, полиците во фрижидерот, кујнските ормани и слични места.
Студија објавена во списанието „Scientific Reports“ во 2017 година покажа дека шириме милиони бактерии низ куќата со сунѓер за миење садови.
Дури и кога мислите дека е чист, во сунѓерот има многу микроорганизми што можат да го загрозат вашето здравје.
Една студија објавена во Journal of Environmental Health открила дека повеќето – дури 99 проценти од бактериите можат да се отстранат од сунѓер ако го ставите во микробранова печка 90 секунди!
Што треба да се направи?
- Користете сунѓери без метал само во микробранова печка.
- Сунѓерот мора да биде влажен. Навлажнете го добро пред да го ставите во микробранова печка.
- Вклучете ја микробрановата печка на највисока температура 90 секунди и ќе отстраните 99% од бактериите, вклучително и ешерихија коли.
- Внимателно извадете го сунѓерот од микробранова печка и оставете го да се олади пред употреба, бидејќи ќе биде многу врел и може да предизвика изгореници.
Коментари
Loading…