in

КАКО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ОРГАНИЗИРАА ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ?

Владите низ цела Европа денес балансираат помеѓу избегнување на ширење на коронавирусот за време на Божиќните празници и дозволување на луѓето да слават со семејството и пријателите.

Голем дел од Англија е под најстроги ограничувања за КОВИД-19 од 26 декември, соопшти британската влада, додека многу заразната варијанта продолжува да се шири. Скоро сите делови на Шкотска и Северна Ирска исто така ќе бидат под највисоко ниво на ограничувања по Божиќ.

Негативен тест за КОВИД-19 не постар од три дена е потребен за патниците кои влегуваат во Холандија од 29 декември, а владата исто така го ограничи собирот на две лица со привремено олеснување со зголемување на границата на тројца возрасни посетители во текот на три дена околу Божиќ.

Шведска ја затвори границата со Данска на 21 декември на полноќ за еден месец за да избегне граѓани кои брзаат во Шведска за божиќен шопинг. Забраните низ Италија ќе бидат во сила во најголем дел од зимските празници – продавниците што не продаваат основни производи се затворени во периодот од 24 до 27 декември, 31 декември и 3 и 5 јануари На луѓето ќе им биде дозволено да патуваат само од работа, здравствени или итни причини.

Само продавниците за неопходни производи се отворени во Германија од 16 декември до 10 јануари. Приватните собири ќе останат ограничени на најмногу пет лица од две домаќинства, а правилата ќе бидат релаксирани за време на Божиќните празници кога ќе им биде дозволено да се соберат до 10 лица.

Црквите ќе бидат отворени за Божиќните и Богојавленските литургии на 25 декември и 6 јануари, со ограничен број верници. Франција ја укина наредбата да се остане дома на 15 декември и ја замени со ноќен полициски час, што не важеше за Бадник. Унгарија ги задржа ограничувањата, вклучително и полицискиот час, за да се спречи ширењето на коронавирусни инфекции најмалку до 11 јануари. Норвежаните ќе можат да поканат до 10 гости во два наврати помеѓу Божиќ и Нова година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote