in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

КАЛИНКА – Овошје што го запира времето и спасител на срцето и чувар на косата

Калинката е овошје кое уште во античко време се користело како природен лек, а и денеска холивудските ѕвезди се колнат во сокот од калинки. Откријте зошто!

Веќе имаме спомнато дека калинката е извор на здравје и дека е моќен лек.

Кај многу народи токму калинката се сметала за симбол на плодност и домашна среќа.

Древните Египјани биле погребувани со ова овошје бидејќи верувале дека таа симболизира надеж и нов живот, а на многу стари икони се забележува како Девица Марија и бебето Исус во раката држат калинка.

Плодот на калинката претставува вистинска мала витаминска бомба на вредни биоактивни состојки кои ублажуваат многу здравствени нарушувања и болести.

Калинката е богат извор на витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б5, селен, цинк, железо, натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, бакар и два типа соединенија на кои им се припишува антиоксидантна активност.

Бројните истражувања кои во последно време сѐ повеќе и повеќе се вршат на калинката покажуваат неверојатно добри ефекти по однос на здравјето.

Калинката дејствува на:

  • засилување на комплетната отпорност на организмот и ги намалува штетните ефекти предизвикани од алкохол, пушење и УВ зрачење;
  • против воспалителни процеси предизвикани од вируси и бактерии и помага во зараснувањето на раните;
  • го забавува процесот на прогресија на Алцхајмеровата болест;
  • го намалува крвниот притисок и го регулира холестеролот;
  • го намалува ризикот од артериосклероза;
  • ги ублажува симптомите на менопауза, како и ги намалува несаканите симптоми пред и за време на менструалниот циклус;
  • ја подобрува еректилната функција, го зголемува квалитетот на спермата со што ја подобрува плодноста кај мажите и има позитивен ефект врз либидото;
  • антигените растителни хормони на калинката го одржуваат нивото на специфичниот антиген на простатата – PSA стабилен со што го намалува ризикот од појава на рак од една страна и го успорува напредокот на ракот на простатата од друга страна;
  • растителните хормони на калинката помагаат во случаи на малигни заболувања на дојка, јајници, простата, бел дроб, желудник, кожа и кај леукемија – студиите покажале дека калинката ги уништува клетките на ракот оставајќи ги здравите клетки непроменети;
  • ги заштитува забите со што ја регулира микрофлората на устата и дигестивниот тракт;
  • позитивно влијае на пренаталниот раст и развој на детето, употребувана од страна на мајката во текот на бременоста го штити мозокот на новороденчето од оштетување;
  • поволно влијае на ноктите, косата и кожата;
  • природно го забавува стареењето на кожата и ги намалува брчките, ја навлажнува кожата на лицето и телото, ја зајакнува и ја прави еластична;
  • ги ублажува депресивните состојби.

Како што можете да забележите благодатите кои ова чудотворно овошје ги дава по однос на здравјето се огромни.

Како лесно да исчистите калинка (видео)

Една од атракциите на есента е калинката. Ова здраво овошје е полно со витамини и е совршен освежувач на секое утро, но постојано се сретнуваме со основниот проблем – како да се исчисти бргу и без многу мака.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote