Британските медиуми пренесуваат нова бомба од островот – Кејн го напушта Тотенхем!
Имено англискиот репрезентативец ги известил челниците на лондонскиот клуб дека сака да ја продолжи својата кариера на друго место. Најоглема причина за ваквата одлука на Кејн се неуспесите на Тотенхем и поради тоа побарал да биде продаден.
Како најголеми кандидати за неговиот потпис се спомнуваат двата клуба од Манчестер, но и Челси. Навивачите на Тотенхем се убедени дека нивниот миленик не сака да го напушти глубот, но според изворите неговите агенти веќе стапиле во контакт со преставниците на овие 3 клуба.