in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Кантарион: Лековита билка против депресија, менопауза и гинеколошки проблеми

Кантарионот се покажа како исклучително успешен во лекување на многубројни психички заболувања, од депресија до трауми, а утврдено е и дека има помалку несакани дејствија од другите антидепресиви.

Кантарионот се зема во облик на тоник, чај, масло или тинктура, а во поново време може да се најде и во облик на капсули, кои влијаат на расположението и подобрување на емоционалната рамнотежа.

Во народната медицина оваа билка има посебна вредност во лекување исеченици, изгореници, хемороиди, а одлична е и за зараснување на рани. Кожните промени се лекуваат така што на нив се мачка масло од кантарион, или повреденото место се обложува со чиста газа или чисто платно натопено со кантарион.

Чајот од кантарион се пие три пати на ден против гастрит, чир на желудникот, дијареа, жолтица, главоболка, бубрежни и менструални тегоби.

Во народната, но и во современата медицина, кантарионот, жалфијата, камилицата и ајдучката трева се сметаат за ефикасни во лекување на некои сексуално преносливи болести.

Исклучително е ефикасен и за јакнење на косата, како и за регенерација на косата оштетена со бојадисување.

Истражувањата покажуваат дека кантарионот има и антивирусни својства, па е одличен лек за сезоните на грип.

Покажува добри резултати и при лечење на чир на желудникот и дванаесетпалечното црево.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote