in

Марвел го претстави првиот геј Капетан Америка!

Марвел го објави хомосексуалецот Капетан Америка и ова е прв ваков случај во 80-годишната историја на овој херој.

Имено, во ограничената серија „Соединетите држави на капетанот Америка“, Стив Роџерс (оригиналниот капетан) и други ликови кои го носеа костумот, тргнаа на пат низ САД во потрага по украден штит. На патот, тие се среќаваат со обични луѓе кои на кратко носат костум на Капетан и ги бранат своите заедници.

Едно од тие луѓе е Арон Фишер, бестрашен тинејџер кој ги брани оние кои, исто како него, се принудени да бегаат од дома и да живеат на улица. Тој е исто така првиот LGBTQ+ лик што го носеше овој костум во историјата на овој стрип.

Патем, Марвел немаше геј карактер сè до 1992 година, кога го претстави Нортстар, а во следните години се појавуваа се повеќе ликови од геј ориентација, вклучително и член на X-Man, Iceman.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote