Со исклучок на градинките, забавиштата и основните училишта, кои се отвораат во понеделник, актуелните рестриктивни мерки во Грција, односно карантинот и полицискиот час се продолжени до 18 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19, рече дека одлуките за евентуално олабавување на актуелните мерки, ќе се соопштуваат на седмично ниво.
На 3 јануари беа затворени бизнисите што отворија пред празниците, односно фризерските салони и берберниците, салоните за нега на нокти, центрите за технички преглед на возила, книжарниците и услугата „click away”, односно подигање нарачка од продавниците, а конкретната одлука е продолжена за уште една седмица.
Коментари
Loading…