in

Картичка со автограм на ЛеБрон Џејмс продадена за астрономска сума! (ФОТО)

Ретка картичка што ја собираат колекционерите потпишана од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс беше продадена за вртоглави 5.2 милиони долари.

Картичката била толку вредна бидејќи има само 23 такви во светот и е отштампана во неговата прва сезона, односно во 2003. Таа била во одлична состојба, а не се знае кој ја купил.

Леброн Џејмс се смета за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и моментално настапува за екипата на Лос Анеџелес Лејкерс. Неговата картичка има иста вредност со онаа на бејбол играчот Мики Мантел, но разликата е што картичката на Мантел е стара 70 години!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote