in

СмешноСмешно

БИЗАРНО! Картонски кревети наречени „Анти-секс“ во Олимпиското село!

Во собите на спортисти на Олимписките игри во Токио, поставени се специјални картонски кревети кои можат да издржат до 200 килограми тежина и кои можат да се распаднат од ненадејните движења.

Одлуката за поставување „специјални“ кревети ја донесе Меѓународниот олимписки комитет, а организаторите рекоа дека спортистите треба да избегнуваат непотребни форми на физички контакт.

Менаџерот на Олимпиското село во Токио, Такеши Китаџима, изјави дека креветот може да ја издржи тежината само на една личност и дека не треба да скокаат на него и да имаат други несоодветни активности.

Спортистите веќе на шега ги нарекоа креветите – „антисекс“.

Инаку, во Токио денес се регистрирани 1.410 нови случаи на коронавирус, најмногу од јануари. Во главниот град на Јапонија беше прогласена вонредна состојба на 12 јули поради зголемувањето на бројот на заразени лица, а има и позитивни меѓу спортистите и луѓето од организацијата.

Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote