Kia повлече скоро 295.000 возила во САД затоа што моторите може да застанат или да се запалат!
Повлекувањето доаѓа само една недела откако американската влада ги казни Kia и сродниот корејски производител на автомобили Hyundai за наводно одложување на повлекувањето.
Одредени автомобили беа повлечени – џиповите Sorento од 2012 и 2013 година, автомобилите Forte и Forte Coupe произведени помеѓу 2012 и 2015 година и хибридните автомобили Optima произведени од 2011 до 2013 година.
Исто така беа повлечени SUV Soul произведени во 2014 и 2015 година и SUV Sportage 2012 година.
Kia во документите објавени од американската влада вчера изјави дека не е пронајден производен дефект во автомобилот, туку дека ги повлекува возилата со цел да се намали ризикот од појава на пожар.
Коментари
Loading…