in ,

УбавоУбаво Што?Што?

Кијану Ривс донирал 70% од заработката од првиот „Матрикс“ за пронаоѓање лек против леукемија

Актерот Кијану Ривс 70 проценти од заработката од првиот филм Матрикс, кој е снимен во 1999 година, им донирал на експерти за истражување лек против леукемија.

За снимање на филмот тој однапред добил 10 милиони долари, а со договор ми следувала и дел од заработката која ја остварил филмот, што е вкупна заработка од 35 милиони долари. Од овој износ Кијану задржал 30 проценти, а останатото го донирал.

За оваа донација се одлучил бидејќи неговата сестра Ким со години се борела со оваа болест која и била дијагностицирана во 1991 година. Актерот цело време бил со неа додека се борела во болеста, која на крајот дошла во ремисија.

Странските медиуми претходно пишуваа дека Кијану потрошил пет милиони долари на разни терапии за да и помогне на Ким.

-Секогаш беше тука за мене, секогаш ќе бидам тука за неа, изјавил актерот во една прилика.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote