in ,

Што?Што?

Ким Кардашијан го унаказила фустанот на Мерилин Монро

Ким Кардашијан беше одлучна да се појави во култниот фустан на легендарната Мерлин Монро на овогодинешната Мет Гала одржана во мај. Иако таа драстично ослабе за потребите на фустанот, и иако музејот „Ripley’s Believe It or Not“, кој го откупи модниот уникат во 2016 година за 4,8 милиони долари и ја чуваше под посебни услови – на температура од 68 степени и влажност од 40 до 50 отсто, во договор со реалити ѕвездата, направиле сѐ да не се оштети – фустанот и официјално е уништен.

 

Телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан се шеташе на црвениот тепих на Мет Гала во незаборавен блескав фустан што Мерилин Монро го носеше на 19 мај 1962 година, за да го прослави 45-тиот роденден на тогашниот американски претседател Џон Ф.Кенеди.

Фустанот кој е дел од поп-културната историја и кој се нарекува „национално богатство“, повеќе не изгледа исто по Мет Галата.

Како што се дозна во меѓувреме, Ким Кардашијан не можела да го закопча фустанот, па останал откопчана на грбот и се водело сметка материјалот и кристалите да останат неоштетени.

И покрај сите мерки на претпазливост, фустанот е уништен. Фотографијата пред и по Мет Гала открива дека е искинат, материјалот се раширил и на некои места испаднале кристалите, а текстурата и квалитетот на работата на Боб Меки веќе не се исти.

„Браво, го уништи за 11 минути, толку долго го носеше“, „Можеше да носи реплика, но не, го сакаше оригиналот и сега е готово“, „Не знам што очекувавме“. „Мерилин сега се превртува во гроб“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи под споредбата на фотографиите од фустанот пред и по носењето на Ким Кардашијан.

„Многу сум разочаран што овој легендарен фустан стар 60 години се носи во јавноста“, изјави за New Мајкл Морган, автор на „The Girl: Marilyn Monroe, Seven Year Itch, and the Birth of an Unlikely Feminist“ за Њујорк Пост ден по Мет Гала.

Тој додаде дека фустанот е многу чувствителен и треба да се чува во посебни услови, но дека е злоупотребен за црвениот тепих.

Морган Мајкл наведува дека парфемот, шминката и потта можат трајно да го оштетат. Од друга страна, шминкерката Ким Кардашијан, како што пишува „NY Post“, изјавила дека Ким направила се за да го одржи фустанот во совршена состојба и дека кон него се однесувала со почит и достоинство.

„Ким Кардашијан продолжува да покажува почит кон историјата на модата и уникатните модели. Таа детално истражувала како и на кој начин да се зачува фустанот, внимавајќи да нема шминка на делови од телото и фустанот да се носи многу кратко – само на црвениот тепих“, велат од музејот.

Нина Боски, продуцент на документарната серија за Мерлин Монро и подкастот посветен на животот на Мерлин Монро, изјави дека Ким Кардашијан во познатиот фустан на Мет Гала не е момент за паметење.

„Разбирам дека Ким сакаше да го облече и да предизвика медиумски интерес, како да е тоа партал. Повторно, само една личност го носеше тој фустан пред неа – Мерлин Монро. Сето ова ја одбележува 60-годишнината од смртта на Мерлин Монро, која остава горчина“, изјави Боски.

Скот Фортнер, историчар и колекционер, рече дека Ким во фустан на филмска дива ги разбеснила луѓето затоа што тоа било „светилиште“ кое го носи само Мерилин.

„Тоа е национално богатство кое не требаше да се носи повторно. Да беше до мене, немаше да дозволам дел од американската културна историја да биде толку злоупотребувана. Само да бидам појасно, ова нема никаква врска со Ким Кардашијан“, заклучи Фортнер.

Музејот „Ripley’s Believe It or Not“ во соопштение наведе дека се е направено според протоколот кога се во прашање фустаните на Мерлин Монро и дека нема оштетувања, но нема потреба од грижа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote