in

Ким Јонг Ун призна: Северна Кореја се наоѓа во голема криза

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун призна дека неговата држава се наоѓа во голема криза, а причина за тоа е пандемијата.

Дежавата ги затвори границите уште во јануари минатата година со цел да се заштити од ширењето на коронавирусот, но поради тоа Северна Кореја се соочи со други големи проблеми. Додатните интернационални санкции ја влошија состојбата и сега државата се соочува со економска криза.

Неодамна лидерот на Северна Кореја призна дека државата се соочува со недостаток на храна и земјоделството се наоѓа во многу лоша состојба. Сега пак Ким Јонг Ун изјави дека моменталната ситуација во државата е многу лоша и дека се наоѓа во голема криза.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote