in

Кина им дозволи на паровите да имаат по три деца!

Кина денес објави дека на секој пар во таа земја ќе им биде дозволено да имаат до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на раѓања во најнаселената земја во светот.

Во 2016 година, Кина ја укина својата децениска одредба дека на паровите им е дозволено да имаат само едно дете и утврди дека можат да имаат две.

Сепак, тој потег не резултираше со зголемување на наталитетот бидејќи трошоците за одгледување деца во кинеските градови се високи и многу граѓани одлучија да останат со едно дете.

Според пописот, кој се спроведува еднаш во десет години, населението во Кина имало најмал раст од 1950-тите во последната деценија.

Во 2020 година, плодноста беше 1,3, односно Кинеските жени имале просечно 1,3 деца во плодниот период – што е слично на оние на старечките општества, како што се Јапонија и Италија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote