in

Кина ќе гради гејминг-арена која чини вртоглава сума на пари!

За сите кои мислат дека Еспортот не е „вистински“ спорт или во него не се вртат големи пари, веста која доаѓа од Кина го потврдува спротивното. Градоначалникот на Шангај објави дека наскоро ќе започне изградба на Арена во која ќе се одржуваат само е-спорт натпреварувања, а изградбата ќе чини неверојатни 898 милиони долари, пренесе CNBC.

Шангај изминатата есен беше домаќин на финалето на „League of Legends“ и за многумина, овој кинески град е главниот град на е-спортот во светот. Финалето на „League of Legends“ и оваа година ќе се одржи во Шангај.

E-спортот продолжува да расте брзо и се проценува дека генерирал 1,1 милијарда долари во 2020 година на глобално ниво, според проценката на фирмата за истражување на пазарот на игри. Кина е најголемиот пазар за е-спортови во светот, според Newzoo.

Новата Арена ќе биде изградена на 500.000 квадратни метри и ќе има капацитет од 6.000 места, а во неа ќе биде изграден и хотел кој ќе биде наменет за натпреварувачите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote