Додека светот сеуште се навикнува на 5G, Кина тврди дека веќе го лансираше првиот 6G сателит во светот. Новиот сателит се очекува да биде искористен како тест за да види на кој начин би можела да се користи 6G мрежата и која брзина може таа да ја достигне. Сателитот беше лансиран од Вселенскиот Центар во Провинцијата Шанзи минатиот петок.

6G сателитот беше лансиран со ракета заедно со 12 други сателити. Кинеските власти потврдија дека државата започнала со развивање на 6G технологија, во истиот момент кога 5G мрежата пристигнала во земјата. Кина се надева дека првиот бран на најновата 6G технологија ќе го видиме дури во 2030. Научниците предвидуваат дека 6G мрежата може да достигне брзина 100 пати побрза од 5G.
Коментари
Loading…