in

Кина забранува мобилни телефони во училиштата, се формираат говорници за студентите да разговараат со своите родители!

Министерството за образование на Кина донесе одлука да им забрани на учениците да користат мобилни телефони во училиштата, со образложение дека оваа одлука ќе го заштити видот на децата, ќе спречи зависност од интернет и видео игри, но исто така ќе им овозможи на децата да се концентрираат подобро додека учат.

Забраната се однесува на носење телефони во кампусот и училишните игралишта, освен за оние ученици кои добиваат родителска согласност и писмено одобрение од училиштето.

Сепак, децата мораат некако да комуницираат со своите родители, така што во училиштата ќе бидат поставени телефонски штандови.

Мислењата за оваа одлука се поделени: некои сметаат дека со тоа не се решава проблемот со зависноста на децата од интернет и технологија, додека други сметаат дека оваа регулатива ќе им помогне на децата да се ослободат од прекумерната употреба на мобилни телефони.

Пред неколку години, во Кина беше донесен закон според кој на учениците им е дозволено да играат видео игри само 90 минути во работните денови, или три часа за време на викендите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote