in , ,

Што?Што?

Кинеските астронаути се вратија на Земјата по историската вселенска мисија (ВИДЕО)

Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата рано утрово по 183 дена поминати во вселената, што е најдолг престој на кинеска екипа досега, објави државната телевизија.

Капсулата во која се наоѓаа астронаутот Ванг Јапинг и двајцата нејзини колеги, Џаи Жиганг и Је Гуангфу, слета утрово во пустината Гоби во северозападна Кина. Спуштањето беше емитувано во живо на кинеската државна телевизија.

Враќањето од вселенската станица, која орбитира на околу 400 километри над Земјата, траеше нешто повеќе од девет часа.

Екипажот на „Магичниот брод“ Shenzhou 13 помина шест месеци во вселената, подолго од другите кинески астронаути и речиси двојно повеќе од кинескиот рекорд минатата година.

Ванг Јапинг не само што беше првата жена што остана на главниот модул на кинеската вселенска станица Тианхе (Ѕвездена хармонија), туку и првата што изведе вселенска прошетка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote