in

Кинески научници пронајдоа животински вид стар 500 милиони години! Сите беа изненадени од една работа (ФОТО)

Палеонтолозите спроведоа детална анализа.

Кинески научници пронајдоа фосилизиран трилобит во провинцијата Шандонг, кој датира од пред 500 милиони години, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Трилобитот долг четири сантиметри, наречен „Phantaspis auratus“, има издолжена предна глава со двојно зашилена форма што личи на зајачки уши, објави Институтот за геологија и палеонтологија во Нанџинг од Кинеската академија на науките.

Трилобитите се изумрени морски членконоги кои живееле во океаните пред околу 520 милиони до 250 милиони години.

  • Првпат гледаме трилобит од толку чуден изглед. Невообичаената форма на главата може да помогне во лов на храна или да ги збуни неговите природни непријатели – изјави истражувачот на институтот Хао Фангченг.

Студијата неодамна беше објавена во научното списание Acta Palaeontologica Polonica.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote