in

СмешноСмешно Што?Што?

Кинезите ги намамуваат туристите со огромна копија на Титаник! [ВИДЕО]

Повеќе од еден век по трагичната судбина на урнатината на Титаник, тој ќе се појави во кинески туристички парк, каде што посетителите ќе можат да ја поминат ноќта во огромна луксузна копија на бродот.

Инвеститорот беше инспириран од филмот во 1997 година за несреќно патување, што е еден од најпопуларните филмови во Кина.

Оригиналниот луксузен брод, најголемиот некогаш изграден и прогласен како непотонлив, стана синоним за несреќата на потонување во Атлантикот во 1912 година откако удри во санта мраз. Тогаш животот го загубија 1.500 луѓе.

Инвеститорот Су Шаојун вложи повеќе од 150 милиони американски долари за шест години за изградба на раскошна копија долга 260 метри.

“Се надевам дека бродот ќе биде таму за 100 или 200 години. Ние градиме музеј за Титаник”, вели Су.

Сè, од трпезаријата до луксузните кабини, па дури и рачката на вратата, е во стилот на оригиналниот Титаник.

Бродот е главната атракција во забавниот парк во провинцијата Сечуан, илјада километри од морето.

Направена е и копија од пристаништето Саутемптон, во која филмскиот херој Џек (Леонардо ди Каприо) се качи на бродот, откако тој доби билет на коцките.

Цената за една ноќ е околу 150 долари и ја обезбедува атмосферата на крстарење на брод со пет ѕвезди, вели Су.

Со функционална парна машина, гостите ќе имаат впечаток дека се на вистинскиот брод.

Тие се надеваат дека атракцијата ќе ја посетат пет милиони посетители годишно.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote