in

СлаткоСлатко

Кинезите измислиле ласерско пенкало што пишува во воздух

Водачот на истражувањето, Као Ксијангдонг, за кинеските медиуми изјави дека за цртање во воздух, благодарение на ова пенкало, не им треба табла, хартија или екран.

 

Холографски прикази, метаверс, проширена реалност… сето тоа се технологии кои некогаш беа само плод на нечија имагинација, а денес активно се развиваат. Но, во сите овие технологии потребно е да се има некаков екран, за да може реално да се види она што се прикажува.

Сепак, кинеските научници од лабораторијата Хунгтуо во Вухан развија ласерско пенкало чии способности се неверојатни. Тие тврдат дека со него е можно да се пишува во воздухот, што би било чекор напред во развојот на холограмите.

 

Според кинеските медиуми, пенкалото користи многу кратки ласерски импулси за да ги отстрани електроните од молекулите на воздухот и да ги претвори во плазма што емитува светлина, се со цел напишаните зборови да се појават во воздухот.

Водачот на истражувањето, Као Ксијангдонг, за кинеските медиуми изјави дека за цртање во воздух, благодарение на ова пенкало, не им треба табла, хартија или екран.

Тој објасни како „пенкалото“ користи импулси од само неколку фемтосекунди (еднакви на еден квадрилионити дел од секундата), за кои се потребни милион мегавати енергија. Но, бидејќи овие импулси се исклучително кратки, додава тој, потрошувачката на енергија не е толку голема, а ласерското пенкало може безбедно да се користи.

Научниците се надеваат дека ова ласерско пенкало во иднина би можело да се користи во квантно пресметување и други напредни технологии. Можеби дури и како некоја нова холографска технологија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote