Конечните клинички испитувања на вакцината за корона покажаа добри резултати.
Вакцината за коронавирусот на Универзитетот Оксфорд е 70 проценти ефикасна, покажа истражувањето по третата фаза. Велика Британија однапред нарача 100 милиони дози на вакцина, кои ќе бидат подготвени за употреба веќе во декември. „Овие откритија покажуваат дека имаме ефикасна вакцина која ќе спаси многу животи“, рече професорот Еднри Полард, водач на тимот за тестирање вакцини.
– Благодарение на многу доброволци во нашето истражување и вреден и талентиран тим истражувачи со седиште низ целиот свет, денес сме горди да објавиме дека нашата вакцина покажала добри резултати – додаде тој.
Коментари
Loading…