in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Клои Кардашијан ослабе 27 килограми: Од „грдото пајче“ до заносна убавица

Една од најголемите промени што ги направи Клои кога реши да ја усоврши својата линија беше да го стави своето здравје на прво место.

 

Најмладата Кардашијан, Клои, отсекогаш важела за најголема меѓу нејзините сестри, а како што постојано истакнувала, поради вишокот килограми отсекогаш се чувствувала како „грдо пајче“.

– Моите сестри секогаш беа во центарот на вниманието, бидејќи беа слаби и привлечни, а никој не ми обрнуваше внимание и мислеа дека сум неважна затоа што не личам на нив – изјавила тогаш Клои.

Сепак, пред повеќе од четири години, Клои реши да стави крај на лошите навики и да го промени својот живот од корен.

Една од најголемите промени што ги направи Клои кога реши да ја усоврши својата линија беше да го стави своето здравје на прво место. Почнала да прави правилен избор и да ја разликува лошата храна од онаа богата со витамини, минерали и протеини. Кога почнала да се грижи за хранливата вредност на секоја храна што ја јаде, промените почнале да се гледаат во нејзиното тело.

Овде не се работи само за калориите, туку и за процентот на влакна, минерали и протеини во храната. Иако многумина велат дека отишла на операција за намалување на желудникот, таа тврди дека се е до диета и вежбање, пишува „Фабон“.

Секој ден има 6 оброци
Шест оброци на ден може да звучат како многу. Сепак, телото на секого е различно. На некои луѓе им требаат три оброци дневно, додека на други можеби ќе им требаат пет. Важно е да го слушате вашето тело и да го правите она што ве радува.

 

Оброците што ги јаде Клои се комбинација од различни хранливи материи. Повеќето оброци се базираат на здрави масти и протеини, како и овошје и зеленчук.

План за исхрана:

Пред тренинг: бадемов путер и џем

Појадок: ленено семе со јајца и боровинки

Ужина после појадок: ореви и 1 јаболка

Ручек: пилешко или риба со многу свежа салата или обарен зеленчук брокула морков или карфиол

Ужина после ручек: овошје со малку бадеми

Вечера: ориз или обарен компир со салата

Најважно е правилното јадење, но покрај тоа, Клои напорно вежба и оди на тренинзи пет-шест пати неделно.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote